Европски политичари со ставови за „црната листа“ на Русија

Од:

Политичари чии имиња се најдоа на листата на европски личности кои не можат да влезат на територија на Русија поради санкции кои Унијата ги воведе спрема Русија, изјавуваат дека се горди што се членови на „клубот на чесни луѓе“.

– Кога ги видов останатите имиња помислив дека сум член на клуб на многу чесни луѓе, изјави поранешниот чешки министер за надворешни работи Карел Шварценберг (77) кој е познат по критиките на Москва спрема Украина.

На листата што Русија ја упати до амбасади, се наоѓаат 89 имиња и побара да не се дава во јавност.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ја критикуваше одллуката на Москва.

– Во момент кога се обидуваме да разрешиме опасна криза во Европа, ова не помага, вели тој.

Меѓу личностите на таа листа од Русија се и поранешниот белгиски премиер Ги Верхофштат како и поранешниот претседател на ЕП – Јержи Бузек.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни