Генералниот секретар на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Жером Валке изјави дека Мудијалите 2018 и 2022 ќе бидат одржани во Русија и во Катар и покрај корупциките афери поврзани со изборот на домаќин на овие Светски првенства.
– ФИФА е жртва и таа поднесе жалба до швајцарското судство, изјави Валке и потсети дека „Куќата на светскиот фудбал“ на 18 ноември поднесе жалба поради сомневање за перење пари околу организацијата на овие првенства.
ФИФА деновиве ја тресе голам корупциски скандал. Швајцарските власти во средата по барање на САД уапсија неколку нејзини високи функционери во рамките на истрага за корупција, што претставува најголем скандал во 111-годишната историја на оваа организација.
Сепак, тоа не влијаеше претседателот Сеп Блатер синоќа да биде ре-избран на функцијата.