ВМРО-НП се заканува на СДСМ со контра материјали

Од:

ВМРО НП на Љубчо Георгиевски реагира на најавите по социјалните мрежи дека следната „бомба“ се однесува на соработката на Георгиевски со власта на Никола Груевски.

„ВМРО – Народна партија е згрозена од мизерноста на начинот со кој политичките рекетари од СДСМ веќе по втор пат упатуваат јавна закана до претседателот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски,  дека имаат негови компромитирачки разговори со луѓе од власта.

ВМРО – Народна партија јавно ги повикува челните луѓе од СДСМ што поскоро да ги објават сите разговори што ги имаат од тој карактер“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

„ВМРО-НП при тоа инсистира само на две работи:

– да се објават буквално сите разговори што г-нот Љубчо Георгиевски во континуитет почнувајќи од 2003 година па се денес,  ги имал со било кои претставници од власта. Ве уверуваме дека ова нема да Ви одземе многу време и простор.

– исто така да се објават и датумите кога се правени овие разговори.

ВМРО-Народна партија во некоја наредна фаза ќе прозбори за документите кои г-динот Зоран Верушевски му ги давал на г-динот Љубчо Георгиевски. Тоа се документи и афери кои се целосно против нивниот тогашен лидер г-динот Бранко Црвенковски. Но исто така сме спремни и со задоволство да ги  прераскажеме содржините на  голем број телефонски разговори помеѓу високи партиски функционери на СДСМ и новинари, кои г-динот Верушевски му ги пуштал на нашиот претседател да ги слуша изворно во неговиот стан во населба Аеродром.

ВМРО – Народна партија длабоко е уверена дека г-динот Верушевски повеќе од 20 години прислушува луѓе од власта и од опозицијата и со тоа нивните судбини и професионални кариери ги ставал во заложништво на еден човек или потесна група на луѓе.

На ваквата крајно недемократска пракса со која се повредуваат основните човекови права на граѓаните,  сметаме дека конечно треба да и се стави крај во Р. Македонија“, пишува во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Неприфатливо донесувањето на законите за матична евиденција и родова еднаквост

А1он

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Поднесуваме иницијатива за укинување на Министерството за транспорт и на Јавното претпријатие за државни патишта

Ана Ололовска

ВМРО-НП: Сто проценти од оружјето кое С. Македонија и го подарува на Украина е набавено од Владата на Георгиевски

Ана Ололовска

Професор Александар Симоновски реагира на предлогот на Георгиевски за рехабилитација на четниците

Ана Ололовска