Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе се одржи манифестацијата „Џунгла од забава и другарување“.
Посетителите ќе имаат можност да пробаат органска храна, да засадат органски семиња и да се едуцираат за бенефитите на овој вид храна и зошто е добро да се има здрави навики.
Најмладите ќе може да учествуваат во креативната работилница каде ќе се прават животни од пластелин или да учествуваат во натпреварот скокање со вреќи.