Средба на Ахмети со Петерле

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со Алојз Петерле, претседател на Мешовитиот парламентарен комитет на Европската унија – Република Македонија, при што разговарале за актуелната политичка криза во земјата, политичкиот дијалог и евроатлантската перспектива на Македонија.

Како што соопшти ДУИ, Петерле го истакнал охрабрувањето на ЕУ за надминување на политичката криза во Македонија и подготвеноста на институциите во Брисел за да помогнат во нејзиното решавање.

Ахмети, пак, го запознал европратеникот и поранешниот премиер на Словенија за, како што велат, напорите на ДУИ да иницира политички дијалог меѓу лидерите на четирите најголеми партии во земјата како и за конкретните ставови на ДУИ на средбите со лидерите за излез од кризата.

– Недостигот на јасната евроатлантска перспектива како последица на нерешените прашања со соседите резултира со продлабочување на политичката криза и несигурност и недоверба меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата. Демократската унија за интеграција смета дека во секоја криза се раѓа нова можност и ако не недостига посветеноста на Брисел и Вашингтон, тогаш од оваа криза ќе излеземе уште посилни и со многу јасна евроатлантска насока, се вели во соопштението.

Ахмети воедно повикал ЕУ и земјите членки на Унијата заедно со САД да се вклучат активно и директно за да помогнат во решавањето на политичката криза во Македонија што, се наведува, ќе биде од корист на земјата, регионот и евроатлантската заедница.

Би можело да ве интересира

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх