Претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија, Грег Дејк најави можен бојкот на Мундијалот во Русија во 2018 година доколку Сеп Блатер остане претседател на ФИФА.
Освен Блатер, кандидати за оваа функција е и јорданскиот принц Али бин ал-Хусеин која ја има поддршката на УЕФА.
Грег Дајк се закани дека дококку Блатер повторно биде избран, можен е бојкот на светското првенство кое треба да се одржи во Русија.
Тој смета дека Блатер не смее да остане на функцијата после скандалот кој беше предизвикан со апсењето на високи функционери на ФИФА кои се осомничени за корупција.
Изборот на претседателот на ФИФА се случува денеска, а за освојување на првата позиција потребно е двотретинско мнозинство од 209 гласа во првиот круг, или просто мнозинство во вториот круг на гласање.