Белгија: Десетици илјади патници останаа блокирани на аеродромот во Брисел

Од:

Десетици илјади патници останаа синоќа блокирани во Брисел, откако нивните летови беа откажани или одложени поради петчасовното затворање на воздушниот простор на Белгија, јавија локалните медиуми.

Најмалку 500 патници спиеле на аеродромот во главниот град на Белгија, а за 200 од нив Црвениот крст обезбедил полски кревети.

Белгиската Национална агенција за контрола на летањето обнови само 75 проценти од авионскиот сообраќај во земјата, откако вчера поради дефект на електричнана исталација во центарот на повеќе од пет часа беше затворен целиот воздушен простор на земјата.

Поради дефектот беа откажани над 200 летови во Брисел и 30 во вториот по големина аеродром во земјата Шарлороа.

Транспортните проблеми во Белгија продолжуваат и денеска по најавениот штрајк на железницата. Околу 40 проценти од возовите не се движат поради протест на машиновозачите. Тие бараат повисоки плати, подобри услови за работа и помалку оптоварување.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски