Апсењата во ФИФА немаат врска со изборот на Русија

Од:

Откако швајцарската полиција утринава по барање на американското федерално истражно биро (ФБИ), уапси шестмина високи функционери на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) под сомнение за корупција и изнуда, се огласи министерот на спорт на Русија, Виталиј Митко.

– Апсењата кои се случија утринава во седиштето на Светската фудбалска асоцијација, немаат никаква врска со изборот на Русија за домаќин на Светското првенство во 2018 година, изјави кусо за руските медиуми Митко.

Русија беше избрана за домаќин на Мундијалот на конгресот на ФИФА во 2010 година, кога и Катар ја доби организацијата на Светското првенство кое ќе се одржи во 2022 година.

Уапсените во Швајцарија се товарат дека во периодот од 90-те години на минатиот век, па досега, во САД и Латинска Америка изнудиле и земале мито во вредност од околу 100 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ