Националната агенција за контрола на летањето изутринава го затвори воздушниот простор над Белгија поради дефект на електричните инсталации, соопшти портпаролот на службата.
Дефектот е пријавен околу 9:30 часот по локално време, по што на сите авиони што се наоѓале во воздушниот простор им е наредено да најдат алтернативни аеродроми во соседните држави, изјави Доминик Деан, претставик на „Белгоконтрол“.
Авиокомпаниите истовремено се обидуваат да најдат решение за патниците на интерконтинентални летови, што од утрово се откажани.
Деан не објави детали за дефектот, но најави дека се очекува авионскиот сообраќај повторно да биде пуштен по два часот попладне.