Сарачини: ЕК генерално со позитвни оценки за економијата

Од:

Извештајот на ЕК што неодамна го добивме дава многу позитивни работи во делот на економијата, и тоа во услови на криза, во услови кога економијата е сериозно нарушена во рамки на ЕУ.

Во Република Македонија се бележи прогрес во одредени сегменти, а констатирани се и слабости. Министерството за економија и Владата ќе работат напорно за следниот Извештај да биде многу подобар од овој што го имаме.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за економија Ваљон Сарачини.

Извештајот на ЕК ги потврдува напорите на Владата за подобрување на состојбите во домашната економија и условите за водење бизнис. Извештајот ја нагласува важноста на макроекономската стабилност на земјта во услови на турбуленции, не само во Европа туку и во светски рамки. Тоа е своевидна потврда за ефективноста на неколку пакети мерки што претходно ги презеде Владата за соочување со кризата што е присутна во Европа и со тоа значително успеавме на некој начин да ги амортизираме негативните ефекти од кризата, рече Сарачини.

Во делот функционална пазарна економија, во Извештајот се дава јасна слика дека либерализацијата на пазарот и на цените е веќе постигнат. Што за нас, како што рече, е од опгромно значење бидејќи тоа е резултат на низа мерки, активности и закони преземи од Владата. Сарачини потенцира дека овие регулативи се во целост хармонизирани со европското законодавство.

– Во Извештајот се вели дека е постигнат сериозен напредок во делот на стандардизација и метрологија. Ова е посебно значајно за Министерството за економија бидејќи двете институции се во наша надлежност, рече Сарачини.

Во Извештајот има сериозен прогрес во делот на слободно движење на услуги и стоки, како и слободно движење на човечки капитал. Ова алудира на фактот, како што рече, дека постојат добри услови за понатамошен развој на слободниот пазар, а со тоа и на економијата генерално.

– Очекуваме дополнително подобрување на работите во овој сегмент со донесување на Законот за услуги со што ќе се имплементира Директивата за услуги на ЕУ. Овој проект е веќе во завршна фаза, додаде Сарачини.

Би можело да ве интересира

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа