Откриени мигранти кај Неготино

Од:

Нова група мигранти е откриена синоќа кај Неготино, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Мигрантите по потекло од Сирија и Ирак илегално биле превезувани во камион без регистарски ознаки. Возачот и дел од мигрантите кога биле забележани од полицијата се обиделе на избегаат, по што возилото завршило во канал покрај патото, но нема повредени.

– Синоќа во 21,00 часот на локалниот пат село Дуброво – Неготино во близина на винарската визба „Повардарие“, полициски службеници забележале товарно моторно возило марка „мерцедес“ без регистерски таблици. Возачот на товарното возило, кога го забележал полициското возило, ја намалил брзината и од совозачкото место скокнало едно лице и почнало да бега кон визбата. Возачот продолжил со движење и после 100-тина метри и тој во движење скокнал од камионот и побегнал кон ридот, а возилото продолжило само да се движи уште педесетина метра по што излетало од патот во канал на левата страна во правецот на движење. Од товарното возило почнале да излегуваат повеќе лица кои се дале во бегство во правец кон автопатот, изјави Стојковска.

На местото каде што излетало возилото затекнати се седум лица илегални мигранти од Сирија и Ирак на возраст од 18 до 46 години и едно 10-годишно дете. Во моментот на контролата тројца мигранти се обиделе да побегнат по што од страна на полициски службеник испукан е еден куршум од пиштол во воздух заради предупредување.

Мигрантите се предадени на Регионален центар за гранични работи Југ и ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци на МВР.

​Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Регионален центар за гранични работи Југ.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало товарното моторно возило.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти