Потребно е:
250 гр брашно
2 лажици растопен путер
370 мл млеко
3 јајца
прстофат сол
300 гр вишни (замрзнати)
25 мл ликер од вишни
5 полни лажици кафеав шеќер
2 лажици нишесте
3 лажици ладна вода
шеќер во прав
200 мл слатка павлака
прелив од вишни, за декорација
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата со млекото, путерот, солта и брашното. Густината на смесата треба да биде како за палачинки.
– Од вака подготвената смеса испечете палачинки во тава на рингла.
– Одмрзнатите вишни ставете ги во сад на рингла заедно со шеќерот и ликерот од вишни и оставете да се варат.
– Нишестето измешајте го со ладна вода и сипете го кај вишните. Со постојано мешање варете ја смесата додека да се згусне. Садот тргнете го од рингла и оставете го на страна за да се излади смесата со вишни.
– Во еден сад изматете ја слатката павлака со додавање на шеќер во прав, по вкус.
– Палачинките филувајте ги со шлагот и сосот од вишни. Преклопете ги и одозгора филувајте ги повторно со сосот од вишни и шлагот.