Швајцарската полиција рано утрово во Цирих уапси шест високи функционери на Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради сомнение за перење пари и примање мито во вредност од 100 милиони долари, за изнуди и за измами направени на Американскиот континент во последните 20 години.
Се уште нема официјална потврда за имињата на уапсените, а се очекува тоа да биде соопштено на прес-конференција во текот на денот.
Акцијата на швајцарските органи е по барање за испорака од страна на американските власти и доаѓа во пресрет на Изборното собрание на ФИФА закажано за в петок.
Актуелниот претседател Сеп Блатер не е меѓу уапсените и би требало да учествува во трката за петти мандат на која единствен противкандидат ќе му биде принцот од Јордан Али бин Ал Хусеин.