Премиерот на Либија Абдулах ал Тани вчера преживеа атентат и остана неповреден, откако непознати напаѓачи отвориле оган врз неговиот автомобил, соопшти портпаролот на неговата меѓународно призната влада.
– Автомобилот на премиерот е погоден од огнено оружје, откако вооружени напаѓачи пукале на него додека излегувал од кварт каде била одржана седница на парламентот во источниот град Тобрук, изјави Хатем ел Урјаби.
Урјаби нагласи дека премиерот не е повреден, но дека еден од неговите телохранители бил повреден.