Нема да погрешите ако како денешен десерт го подготвите овој здрав колач кој не се пече …
Потребно е:
150 гр плазма бисквити
50 гр овесни снегулки
50 гр суви брусници
50 гр суви сливи
50 гр суви урми
300 гр чоколадо за готвење
250 гр путер
120 гр кафеав шеќер
150 гр мелени ореви
Потребно е:
– Во блендер сомелете ги бисквитите, снегулките и сувото овошје.
– Во сад на рингла растопете го чоколадото, шеќерот и путерот. Во оваа смеса додадете ги состојките од блендерот и мелените ореви. Убаво измешајте.
– Тава за печење со димензии 20х30 см обложете ја со хартија за печење. Горната смеса сипете ја во тавата и ставете ја во фрижидер да се стегне пред да го сечете.