Потребно е:
1 помала китка магдонос
2 млади кромитчиња
1 помала китка власец
1 помала китка копар
100 мл јогурт
1 лажиче сув квасец
3 јајца
150 гр брашно
100 мл маслиново масло
100 мл млеко
100 гр рендан кашкавал
сол и бибер, по вкус
Подготовка:
– Зачинските билки измијте ги убаво, исчистете ги, ставете ги во сецко и иситнете ги убаво.
– Во еден сад изматете ги јајцата и додадете маслиново масло, јогурт, млеко квасец, брашно, кашкавал и зачини по вкус. Убаво изматете да добиете хомогена смеса и на крај додадете ги иситнетите зачински тревки.
– Во калап за 6 мафини ставете хартија или пак корпички за печење. Во нив сипете ја подготвената смеса.
– Стаете да се печат во ретходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути.