Бајден ја поправи изјавата на Картер за ирачките сили

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден се обиде да ја попрaви непријатната ситуација со Багдад, откако шефот на Пентагон Еш Картер ги обвини ирачките сили за падот на градот Рамади.

Белата куќа соопшти дека Бајден разговарал телефонски со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, неколку часа откако американскиот секретар за одбрана изјави дека групата Исламска држава го заземала градот бидејќи ирачките сили не покажале волја да се борат.

Бајден изразил разбирање за големата жртва и храброст на ирачките сили, што ја покажале во изминатите 18 месеци во Рамади и други ирачки градови, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Американскиот потпретседател во разговорот со Абади ја повтори американската поддршка на ирачката влада во борбата против џихадистите од Исламска држава. Абади, изразил изненадување од изјавата на Картер и нагласил дека шефот на Пентагон добил погрешни информации.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас