Три лица загинаа во бомбашки напад во Пакистан

Од:

Три лица загинаа, а 15 се повредени синоќа по напад со бомба поставена покрај пат во провинцијата Белуџистан. Синот на пакистанскиот претседател Мамнун Хусеин, Талат Мамнун, е неповреден во истиот напад, соопштија безбедносните сили.

Според полицискиот службеник Гулам Расул, експлозивната направа била поставена на мотоцикл и била активирана со далечински управувач, кога придружбата на синот на претседателот минувала низ индустриската зона.

Според Расул, загинатите и повеќето од повредените биле минувачи. Има и настрадани полицајци од придружбата на Талат Мамнун.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Таткото на Талат, Мамнун Хусеин, стапи на должност како претседател на Пакистан во септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица