Мерцедес погреши, наместо Хамилтон славеше Розберг во Монако

Од:

Нико Розберг ја продолжи доминацијата на трките во Монте Карло, благодарение на лошата проценка на тимот праќајќи го Хамилтон во пит-стопот.

Розберг триумфираше трета година по ред во малото кнежевство, намалувајќи ја негативата во генералниот пласман што ја има во однос на Луис Хамилтон. Ова е втора победа во низа на Розберг сезонава и вкупно десетта во кариерата.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон е најголемата жртва и губитник на својот тим Мерцедес на денешната трка за Големата награда на Монако.

Тој беше сигурен победник на трката, имаше огромно водство се до 64. круг кога Ферстапен се удри во Грожан по што на патеката влезе безбедносно возило.

Тогаш се случи потегот на Мерцедес кој го повлече Хамилтон во пит-стопот, погрешно проценувајќи ја ситуацијата, за да ги смени гумите и светскиот првак ја загуби челната позиција на која се наоѓаше до тој момент.

Излезе како третопласиран, препуштајќи му го со тоа врвот, а и победата на својот клупски колега Нико Розберг.

Иако се обиде да стори нешто повеќе, тој не успеа да го мине Фетел на втората позиција, па ја заврши трката на третото место.

Хамилтон останува на првото место во генералниот пласман со вкупно 126 бода, пред Розберг со 116 и Фетел со 98.

Пласман:

1. Нико Розберг
2. Себастијан Фетел
3. Луис Хамилтон
4. Данил Квијат
5. Даниел Рикардо
6. Кими Раиконен
7. Серхио Перез
8. Џенсон Батон
9. Фелипе Наср
10. Карлос Саинц.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он