Најмалку петмина имигранти се удавија во Средоземното Море

Од:

Крајбржната стража во областа Тебулба, град во источниот дел на Тунис, извлече од морето тела на петмина имигранти кои се обиделе да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, додека 49 имигранти се спасени.

Имигрантите, претежно млади на возраст околу 25 години тргнале од пристаништето Тебулба со два помали брода, во кои набрзо навлегла водата.

Властите во Тунис се борат со голем прилив на имигранти од Африка, кои бегаат од Либија и се обидуваат да дојдат во Европа.

Во текот на април, повеќе од 300 имигранти се спасени долж ова крајбрежје, а минатата година 165 илјади пристигнале на италијанското крајбрежје.

Би можело да ве интересира

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија

Јанша за мигантската криза: Ѓаволот ја однесе шегата, вооружете се

Предраг Петровиќ

Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

А1он

Судија од Тексас ја блокираше наредбата на Бајден, САД можат да продолжат со депортација на имигранти

Жарко Настоски

Бајден со укази ја запира агонијата на разделените семејства од Латинска Америка

Жарко Настоски