Б92: Куманово – убиени после предавањето?

Од:

Телата на деветте државјани на загинатите во престрелката во Куманово однесени се на Косово, каде членовите на нивните потесни семејства побараа повторна обдукција.

Тие бараат да се утврди времето на смртта, или поточно дали се убиени во текот на престрелката или откако и се предадоа на полицијата, пишува Б92.

Барање за обдукција упати и Беџет Шалја од Одборот за заштита на човековите права и слободи во Приштина.

-Ако е потребно, државата треба да инвестира и во странски експерти да се направи суперекспертиза и да се утврди причината за нивната смрт. Кога тоа ќе се дознае може да се изврши новниот погреб, во спротивно многу работи ќе останат мистериозни и необјаснети, рече Шалја.

Тој додаде дека Одборот инсистира на да се разјасни дали убиените настрадале во текот на престрелката или пак се убиени откако и се предале на полицијата.

-Постојат премногу сомнежи затоа што сведоци кои учествуваа во судирот кажуваат дека некои од нив биле ранети, а подоцна се нашле на листата на убиени. Медицината толку напредната што може да се утврди времето и причината за смртта, рече Шалја.

Процесот на обдукција може да потрае два до три дена, информирале од Одделението засудска медицина.

Во текот на нападот во Куманово, беа убиени 8 припадници на македонската полиција и 10 члена на вооружената група, наведува Б92.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра