Светска банка ќе ја поддржи Албанија со 1,2 милијарди долари во следните пет години, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Светска банка.
Парите се доделуваат како дел од „рамковното партнерство“ за финансирање на проекти за поддршка на стремежот на Албанија за постигнување на остварлив раст и интегрирање во Европската унија.
Рамковното партнерство е поврзано со стратешките цели на банката, вклучително борбата со сиромаштијата и е насочено кон обезбедување на буџетска и финансиска стабилност во Албанија, како и стимулирање на растот на приватниот сектор и подорбрување на управувањето во јавниот сектор на економијата, се наведува во соопштение на Светска банка.