Јоргос Папандреу прелага референдум за евентуалниот компромис со кредиторите

Од:

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу предлага да се организира референдум за ратификација на евентуалниот компромис со кредиторите на неговата земја, искажувајќи убеденост дека на него Грците ќе гласаат „за“, бидејќи „сакаат да останат во еврозоната“, објави весникот „Та неа“.

Владата траба да договори компромис со европските партнери и потоа да го стави на референдумско изјаснување. Ако има спогодба со кредиторите, Грците ќе гласаат „за“, изјави Папандреу на конференција во Лисабон.

Поранешниот грчки премиер потенцира дека „огромното мнозинство Грци сакаат нивната земја да остане во еврозоната и покрај страдањата што ги трпат од неа, бидејќи еврото го сметаат за стабилна валута“.

– Доколку Грците кажат „да“, ние како земја ќе ја реализираме оваа програма и тоа ќе ги смири германските даночни обврзници, изјави Папандреу пред новинарите во Лисабон.

Тој потенцираше дека „времето притиска, бидејќи земјата ризикува на крајот на мај или на крајот на јуни веќе да не може да го обезбеди исплата на платите на државните службеници“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски