Кубанска вакцина против рак на белите дробови го трансформира канцерот во хорнично заболување и ги одржува во живот пациентите кои редовно ја примаат, тврди кубанскиот имунолог Педро Камило Родригес.
Родригес, кој е раководител на тимот што ја создаде терапевтската вакција „Симавакс ЕГФ“, во интервју за српскиот весник „Наше новине“, објаснува како таа дејствува и кај кои пациенти е најефикасна.
– Постојат јасни критериуми по кои се одредува пациентот кај кого вакцина дејствува, а резултатите покажуваат дека голем број болни лица по примањето, живеат подолго од пет години што без „Симавакс“ би било незамисливо, наведува Родригес.
„Симавакс ЕГФ“ е наменет за пациенти кои имаат немикроцелуларнен рак на белите дробови по одминатата трета Б или четврта фаза, објасни Родригес, додавајќи дека најновите резултати покажуваат дека вакцината има најдобар ефект кај пацинети со зголемено ниво на ЕГФ, односно факторот на раст кој предизвикува метастази.
– Да не бидеме погрешно разбрани, нејзина цел не е да го излекува болниот кој има рак на белите дробови во поодминат стадиум, туку да му овозможи тој да продолжи да живее со болеста. Поточно, вакцианта го успорува и прекинува напредувањето на метастазите на другите органи. Со самото тоа се зголемува преживувањето и квалитетот на животот, истакнува кубанскиот лекар.
Родригес објаснува дека „Симавакс ЕГФ“ го трансформира канцерот во хорнично незаразно заболување, како што се хипертензијата или дијабетесот, а пациентите во тој случај редовно ја примаат вакцината која ги одржува во живот, како инсулинот кај дијабетичарите.
Кога станува збор за можни контраиндикации, кубанскиот лекар наведува дека вакцината„Симавакс ЕГФ“ е безбедна и како таква ја регистрирала кубанската агенција за лекови.