Салата туна мексикана

Од:

Ова вкусно јадење можете да го послужите како салата, но и како главно јадење …

Потребно е:
3 конзерви туна (вкупно: 240 гр)
480 гр црвен грав, сварен
црвена пиперка
зелена пиперка
380 гр пченка од конзерва
1 главица црвен кромид
сол и бибер
чили во прав
сок од 1 лимон
маслиново масло

Подготовка: 
– Пченката исцедете ја под млаз ладна вода.

– Туната исцедете ја од маслото и ставете ја во длабок сад. Во неа, ставете ги сварениот грав и пченката.

– Пиперките и лукот исечете ги на парчиња слични како гравот и пченката. Ставете ги во туната.

– Измешајте и зачинете со сол, чили во прав и бибер. Ставете го сокот од лимон и ставете малку маслиново масло.

– Многу е важно да ја пробате салатата и да ја прилагодите според вашиот вкус (може на вас ќе ви фали повеќе лимонов сок, повеќе сол и сл.).

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска