Кандидатот за претседател на ФИФА Мајкл Ван Праг (67) реши да ја повлече кандидатурата. Тој најверојатно својата поддршка ќе му ја даде на јорданскиот принц, Али Бин ел Хусеин.
Ваквата одлука е донесена со цел тројцата противкандидати на актуелниот претседател на ФИФА Сеп Блатер со заеднички сили да успеат да го победат Блатер на изборите за претседател на ФИФА.
Вкупно 209 членки на ФИФА ќе гласаат на изборите што ќе се одржат на 29.мај во Цирих.