Пораз на домашен терен за МЗТ Скопје

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на домашен терен во јадранската АБА лига, откако вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“ е совладан со 75-83 од Раднички Крагујевац.

Тимот од Аеродром беше надигран во текот на целиот меч, а главните причини за поразот, вкупно втор во 4-тото коло од квалитетното регионално натпреварување се многуте загубени топки, слабата реализација од дистанца и исклучувањето на Тодор Гечевски поради набрзина добиените две технички грешки.

Најпрецизен во МЗТ беше Дамјан Стојановски со 19 поени, додека Кејд Дејвис уфрли 11 поени. Чапин и Борисов со по 16 поени беа најефикасни кај гостите од Србија, додека Вортингтон придодаде 14 поени.

МЗТ Скопје следниот викенд гостува во Сплит.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он