ИД го зазема сирискиот антички град Палмира

Од:

Екстремистичката џихадистичка организација „Исламска држава“ го зазема античкиот град Палмира во центарлна Сирија, јави денеска невладината организација Сириска опсерваторија за човекови права, пренесува Танјуг.

Под контрола на џихадистите се воздушната база, затворот и седиштето на разузнавачката служба во градот, изјави директорот на Сириската опсерваторија Рами Абдулрахман.

Во судирите од средата загинале најмалку 100 припадници на провладините сили, нагласи тој, додека сириските државни медиуми јавуваат дека провладините сили се повлекле.

Абдулрахман изјави дека засега нема информации за уништување на културни споменици во Палмира.

Сириската опсерваторија собира информации од мрежа извори на терен.

По заземањето на Палмира под контрола на ИД се наоѓа над 50 отсто од сириската територија.

Сириските провладини сили вчера евакуираа граѓани од древнот град Палмира по упадот на поголем број екстремистички групи во градот, јави сириската државна телевизија.

Евакуацијата спроведена од силите на сириската Национална одбрана, доаѓа по жестоките борби во и околу градот, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО и претставува стратешка воена локација меѓу градовите Хомс и Дамск.

Над стотина статуи се преместени од Палмира на безбедна локација, со цел да се заштитат од ИД, соопшти началникот на службата за антиквитети Мамун Абдулкарим.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија