Сандерленд обезбеди опстанок во Премиер лигата

Од:

Екипата на Сандерленд успеа да избори опстанок во Премиер лигата откако синоќа на гостувањето кај Арсенал одигра нерешено 0:0 и со освоениот бод во пресрет на последното коло е надвор од опасната зона.

Ова беше одложен натпревар од 33.коло, а Арсенал со освоениот бод го потврди третото место и директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

„Топџиите“ на последните пет натпревари постигнаа само една победа и со тоа ги загубија шансите за второто место.

Последното коло од Премиер лигата кое се игра во недела ќе решава за тоа кои екипи ќе играат во Лига Европа (во конкуренција се Ливерпул, Тотенхем, Саутемптон две од трите екипи ќе се пласираат) и кои ќе ја напушти Премиер лигата покрај Барнли и КПР.

Најзагрозени се: Њукасл со 36 бодови и Хал со 34 бодови, за една екипа ќе нема радост.
Табела: Челзи 84 бодови, Манчестер Сити 76, Арсенал 72, Манчестер Јунајтед 69, Ливерпул 62, Тотенхем 61, Саутемптон 60,… Њукасл 36, Хал 34, Барнли 30, КПР 30.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска