Чизкејк брауни со капини

Од:

Многу вкусен овошен колач …

Потребно е:
за првиот дел:
2 јајца
100 гр чоколадо за готвење
200-300 гр капини (можат и замрзнати)
100 гр сецкани ореви
125 гр путер
1 чаша (од 200 мл) шеќер
1 чаша екстракт од ванила

за вториот дел:
200 гр крем сирење
1/2 чаша шеќер
1 жолчка
1 лажиче екстракт од ванила

Подготовка:
– Во сад на рингла растопете ги путерот и чоколадото.

– Во друг сад пенесто изматете ги јајцата и шеќерот. Оваа смеса додадете а кај истопеното чоколадо.

– Потоа додадете ги и брашното, какаото и екстрактот од ванила и полека измешајте.

– Додадете ги сецканите ореви и повторно убаво измешајте.

– Тава со димензии 15х25 см обложете ја со хартија за печење, а потоа премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса и наредете ги капините.

– Во еден сад ставете ги крем сирењето, жолчката, шеќерот и екстрактот од ванила и изматете со миксер додека не добиете хомогена смеса. Потоа со лажица нанесете ја оваа смеса над капините.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 1 час.

– Колачот оставете го да се излади, исечете го на коцки и послужете го.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска