Роднините на убиените терористи бараат Македонија да им ги предаде телата

Од:

Роднините на припадниците на вооружената група кои беа убиени во судирите во Куманово, одржаа протест во средата пред зградата на владата на Косово и побараа од Македонија да им ги предаде телата на нивните роднини.

Околу 500 до 600 Албанци, роднини на косовските граѓани кои беа убиени во Куманово, со минутао молчење оддадоа почит на сите убиени, пренесе Макфакс.

Од оваа вооружена група многумина се наоѓаат во македонските затвори.

Братот на убиениот Мирсад Ндрецај рече дека неговиот брат отишол во Македонија да се бори за правата на Албанците, а не за пари.

На протестите учествуваа поранешни припадници на ОВК, како и неколку пратеници од редовите на Алијанса за иднината на Косово и Самоопределување.

Претседателот на ветераните на ОВК, Џавид Јашари рече дека оние кои се бореле во Куманово се херои.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе