Тетекс и Работнички во борба за фудбалскиот Куп на Македонија

Од:

Екипите на Тетекс и на Работнички вечер на Националната арена „Филип Втори“ го играат финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Овие два тима вторпат ќе играат меѓусебе во борба за трофејот.

Во 2010 година Тетекс победи со 3:2 и тогаш за првпат го освои пехарот.

Инаку тетовчани во ова натпреварување триумфираа и во 2013 година.

Тимот на Работнички по ланската „двојна круна“ вечер има можност да го одбрани пехарот во Куп натпреварувањето, што го освоија лани со победата над Металург (2:0). Работнички вкупно трипати има победувано во ова натпреварување во 2008, 2009 и 2014 година.

Финалето почнува во 20 часот, а ќе го суди Дејан Јакимовски од Скопје.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска