Ролат со јагоди

Од:

Овој вкусен ролат брзо ќе го подготвите, а уште побрзо ќе го изедете …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
5 јајца
прстофат сол
5 лажици шеќер
4 лажици масло
4 лажици млака вода
5 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за пециво

за филот од јагоди:
300 гр јагоди
5 лажици шеќер

за кремот:
500 мл млеко
6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
3 јајца
4 лажици брашно
100 гр путер
2 лажици изматена слатка павлака
300 гр јагоди

Подготовка:
– Издвоите ги жолчките и белките на јајцата. Белките со 1 лажица шеќер и прстофат сол изматете ги убаво со миксер.

– Во друг сад убаво изматете ги жолчките  и шеќерот и додадете ги маслото и млаката вода. Уште малку матете со миксер, а потоа додадете го брашното со прашокот за пециво и измешајте полека со дрвена лажица. На крај лажица по лажица додадете ги изматените белки и полека измешајте.

– Во тава (со димензии 33х33 см) обложена со хартија за печење сипете го подготвеното тесто и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-тина минути.

– Испаченото бисквитно тесто извадете го од тавата заедно со хартијата и ставете го на влажна кујнска крпа, внимателно завиткајте го како ролат и оставете го да се излади.

– Сега подгответе го филот од јагоди. Јагодите исецкајте ги  на помали парченца (наместо да ги сецкате можете да ги изблендирате со рачен миксер) и заедно со шеќерот ставете ги да се варат околу 15 минути со постојано мешање. Кога ќе се згуснат тргнете ги на страна и оставете ги да се изладат.

– Преминете на подготовка на кремот. Во 100 мл млеко ставете ги брашното, шеќерот, јајцата, ванилиниот шеќер и убаво изматете за да не ви останат грутчиња во смесата. Преостанатите 400 мл млеко ставете ги да се варат. Кога млекото ќе почне да врие почнете полека да ја додавате смесата со брашно со постојано матење. Кога ќе се згусне тргнете го садот од рингла и оставете го кремот да се излади. Во изладениот крем додадете го путерот-претходно изматен и 2 лажици изматена слатка павлака.

– Изладеното бисквитно тесто одвиткајте го, тргнете ја хартијата и намачкате го филот од јагоди, но не по целото тесто туку направете две хоризонтални ленти од филот. Потоа нанесете го кремот (оставете малку од кремот за украсување на ролатот). Сега распоредете ги јагодите и тоа повторно во две ленти кои не ги намачкавте со филот од јагоди. Повторно завиткајте го тестото како ролат.

– Готовиот ролат по желба украсете го со кремот што го оставивте и со цели или исечени јагоди.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска