„Тетекс“ и „Работнички“ посакуваат победа во финалето од Купот на Македонија

Од:

Финалистите на фудбалскиот Куп на Македонија „Тетекс“ и „Работнички“ денеска одржаа прес конференција во пресрет на утрешниот дуел. Во двата табора зборуваат со респект за ривалот, но истакнуваат дека со максимална борба ќе успеат да го освојат пехарот.

Тренерот на „Тетекс“ Горазд Михајлов изјави:

– Ќе играме против најквалитетниот тим во Македонија последните две сезони. Тоа е мотив плус за нас да одиграме најдобро. Ќе играме за Тетово, за нашите навивачи, за нашата чест. Со сите сили ќе се обидеме да се спротивставиме, нека победи подобриот.

Тренерот на „Работнички“ Игор Ангеловски истакна дека немаат притисок.

– Задоволство е да се игра финале и особено финале на Куп. Ние го браниме трофејот. Респект за „Тетекс“, оваа екипа не иста во текот на целата сезона. Го имаат сега за тренер Горазд Михајлов, имаат и нови играчи, а ние ќе дадеме се за да го одбраниме трофејот. Во фудбалот има победи и порази, ќе дадеме се за да го освоиме Купот, ако тоа биде „Тетекс први ќе им честитаме“.

И кај играчите очекувањата се слични.

–  Финалето е нешто посебно. Нема мали и големи екипи. Се игра еден натпревар во кој се е можно. Ќе дадеме максимум за да го вратиме трофејот, истакна голманот на „Тетекс“ Ванче Манчевски.

Искусниот играч на „Работнички“ Милан Илиевски, ја прифаќа улогата фаворит на неговата екипа.

– Ова е посебен натпревар за секој поединец. Ќе направиме се за да стигнеме до победата. Нема да го потцениме „Тетекс“, но нашите амбиции се да победиме и да го освоиме пехарот.

Финалниот натпревар ќе го суди Дејан Јакимовски, а ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20 часот.

Овие две екипи играа во финалето 2010 година, а тогаш победи Тетекс со 3:2.  Воедно на финалните натпревари од 2008 година една од овие две екипи била финалист на Купот на Македонија. Работнички има три победи (2008, 2009 и 2014 година), а Тетекс две победи (2010 и 2013 година).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска