(ВИДЕО) Пендаровски: Не се чудете зошто се собираат во бачило кога организаторот им е пастир

Од:

Ако сте луѓе подобро е да сте тука, им порача денеска професорот, Стево Пендаровски, на граѓаните кои кампуваат пред Влада. Тој одржа мал говор на граѓанскиот парламент кој ќе се одржува секој ден во кампот на кој ќе зборуваат граѓани, политичари и интелектуалци. Тој им порача на граѓаните да зборуваат се почесто, за да ги замолчат политичарите.

– Вчера овде имаше граѓани, а таму има партиски членови. Тука има луѓе со име и презиме, а таму ги повикуваат по список на кој се потпишуваат за да не избегаат. Овде има граѓани од сите националности и политички партии, има луѓе што не се членови на политички партии. Таму има само партиски војници и началник кој се наоѓа во врвот. Овде немаме таква работа, сите сме рамноправни. Тие одат таму затоа што им е кажано дека треба да дојдат во кафезот – рече Пендаровски.

Граѓаните, додаде, се собраа пред Владата затоа што не можат повеќе да ја трпат тиранијата на оваа власт.

– Нема да си одиме додека не победи нашата визија за Македонија. Доколку победи нивната, Македонија нема да ја има. Ние овде сме собрани за слобода, демократија и човекови права, тие се собираат траму за да ги одбранат плацевите на Водно, мерцедесот од 600.000 евра. Ние ја имаме вистината во раце, а тие го имаат само својот пендрек – посочи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование