Хотел во Токио нуди „соба за плачење“

Од:

Во понудата на еден јапонски хотел од неодамна се најде и „соба за „плачење“, специјално наменета за понежниот пол.

Гостите на хотелот „Мицуи Гарден“ во Токио можат да ја изнајмат оваа соба за мирно плачење и ослободување од маките и насобраниот стрес.

„Собата за плачење“ е опремена со марамчиња, препарати за отстранување на шминката, маски за очи, како и избор на книги и филмови кои помагаат „за доаѓање на солзи“.

Ова не е единствен хотел во Јапонија кој нуди необични услуги. Хотелот „Соинеџу“, исто така во Токио, изнајмува „девојки за спиење“ (без секс), за оние кои се чувствуваат осамено или не можат да спијат сами.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска