Пратеникот на ОН за Јемен, Исмаил Улд Шеик Ахмед денеска ги повика арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија и спротивставените јеменски групи за продолжување на хуманитарното примирје во земјата за уште пет дена.
Петдневното примирје што беше прогласено на 12 мај за да се овозможи доставување хуманитрана помош за цивилите во реонот на конфликт, истекува вечерва.
Ваквиот апел Ахмед го упари во обраќањето на конференцијата во Ријад, чија цел е прекин на судирите во Јемен.
Како што јави ТАСС, на конференцијата учествуваат повеќе од 250 претставници на јеменски партии и движења, на земјите од регионот на Персискиот Залив, ОН и на други меѓународни организации.
Јеменскиот премиер Халед Баха, кој се наоѓа во егзил во Саудиска Арабија, изјави дека продолжувањето на примирјето е прифатливо за неговата Влада, но дека тоа првенствено ќе зависи од состојбата во Јемен.
Наспроти, примирјето во судири во реонот на јеменскиот град Таиз меѓу шиитските бунтовници Хути и паравоените формации минатата ноќ загинаа најмалку 10 лица.