Хамнеи: Иран подготвен за инвазија

Од:

Иранската армија е подготвена да  возврати на  било каков напад, изјави  врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

„Јас  ги предупредувам  непријателите на Техеран да се воздржат од каква било мисла за инвазија”, изјави Хамнеи.

„Подготвеноста на вооружените сили на Иран е таква што ќе го  порази  непријателот, кој  крие каква било помисла за инвазија”, изјави Хамнеи за време на посетата на воена база во североисточниот дел на Иран, објави иранската државна телевизија.

Изјавата е во време кога расте тензијата во регионот по заканите на  Израел  за можен  напад врз нуклеарните објекти на Иран.

Израел не ја отфрли можноста за воена опција против осомничени за  нуклеарна програма на Иран и неодамна најави дека времето истекува.

За време на посетата на Хамнеи на базата , неговиот домаќин, генерал Мохамад Али Џафари, главен  на моќната  Револуционерна гарда, изјави дека воените поморски и ракетни сили се подигнати на   “стратешко ниво“.

Министерството за надворешни работи на Иран го  отфрли неодамнешниот  извештај на ОН во која се  осудува Техеран за кршење на човековите права, подвлекувајќи дека е  политички мотивиран и под влијание на западните противници, вклучувајќи ги и САД.

САД и нејзините сојузници го обвинуваат Иран за користење на нејзината нуклеарна програма за развој и  производство на нуклеарно оружје.

Техеран го негира тоа, велејќи дека програмата е за мирнодопски цели  и дека цел  е  снабдување со  електрична енергија и производство на изотопи за третман на пациенти заболени од  рак.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци