Паштета од целер

Од:

Оваа паштета од целер намачкана на потпечено лепче има неодолив вкус …

Потребно е: 
1 поголем корен целер, околу 300 гр 
1/4 слатко јаболко, околу 30 гр 
125 гр путер
1/2 лажиче сол
2 жолчки од варени јајца, издробени
1/2 помала главица кромид, изрендана на ситно ренде
на врв на нож бибер

Подготовка: 
– Целерот и јаболкото исчистете ги, измијте ги и исечете ги на коцки.

– Во помало тенџере на рингла растопете го путерот и додадете ги коцките целер и јаболко и 1/2 лажиче сол. Динстајте на тивко потполно поклопено додека целерот сосема не омекне. Оставете да се излади.

– Кога ќе се излади додадете ги сварените жолчки, изренданиот кромид, на врв на нож бибер и се испасирајте со рачен миксер.

– Пробајте по вкус и по потребно додадете уште малку сол и бибер.

– Готовата паштета ставете ја во сад са служење и ставете ја во ладилник за да се стегне малку.

– По желба можете да украсите со ситно сецкано младо кромидче.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска