(ВИДЕО) Заев: Остануваме пред Влада до крај, до оставка на Груевски

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, апелираше на мирни и ненасилни протести в недела.

„Со мирни протести ќе им дадеме поддршка на полицајците кои ќе ги обезбедуваат протестите. Припадниците на СДСМ добија задача со телефони да ги сликаат сите кои ќе вршат насилство. Очите 16 да ги отвориме, за да не не местат. Многу млади луѓе ќе бидат тампон зона меѓу учесниците на собирот со полицијата. Некои веќе најавија дека сакаат да останат и да спијат пред Влада и да биде тоа протест во контекст. Одлуката е остануваме до крај пред Влада, се до оставка на Груевски“, рече Заев.

Тој посочи дека власта ги прави сите можни блокади, уценува авто превозници за да не ги донесат луѓето во Скопје, но, посочи, ако треба и со трактори и камиони ќе дојдат во Скопје.

„На 17.ти да излеземе сите на мирен и достоинствен протест, да покажеме како Македонија се сака со срце“, порача Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Поднесено обвинение против осомничените за фрлање бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски