ЕУ треба да го поддржи реализирањето на проектот „Турски поток“, кој ќе овозможи зголемување на енергетската безбедност на Европа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград
Лавров, кој се наоѓа во посета на Белград, нагласи дека Русија никому не му врши притисок за „Турскиот поток“, но предлага можност за договори, каков што веќе постигна со Турција и забележува интерес кон проектот од страна на Грција, Македонија, Србија, Унгарија и други земји од регионот.
Лавров истакна дека сега е најважно да се разгледаат практичните аспекти на проектот од гледна точка на логистиката и негово финансирање.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изрази подготевност Србија да учествува во реализирањето на „Турски поток“, бидејќи земјата има потреба од снабдување со гас.
Српскиот министер додаде дека штом нема да постои „Јужен поток“, тогаш Србија е заинтересирана за „сите други варијанти“. Тој ја повика ЕУ уште од самиот почеток да навлезе во суштината на проблемот.
– Не сакаме по неколку години да се случи да дојде зима, а да нема гас преку Украина, па потоа ние да се објаснуваме кој е виновен, објасни Дачиќ.