Повеќе од 700 мигранти од Мјанмар и Бангладеш се истовариле денеска на источниот брег на провинцијата Ацеха, на индонезискиот остров Суматра, соопштија спасувачите.
Според најновите податоци, рибарите во морето пронашле околу 794 лица и околу 5 часот утринава ги довеле на брегот, изјави за британските медиуми претставник на градот Лангса во Ацеха.
-Мигрантите во моментов привремено се сместени во складиште од пристаништето, додаде тој.
Брод со околу 600 мигранти во неделата допловил до индонезискиот брег.
Илјадници мигранти, на слични чамци, се наоѓаат во животна опасност по морињата од југоисточна Азија, бидејќи владите од регионот прават се да ги спречат да пристигнат до нивна територија, и покрај барањето на ОН да ги спасуваат.