Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово

Од:

Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово.

Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.

Вработените во институциите лоцирани на улицита „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено.

Портпатролот на МВР Иво Котевски за МИА информира дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.

Минатиот викенд во кумановската населба „Тоде Мендол“  полицијата спроведе акција за разбирање терористичка група. Во 28 часовната акција беа ликвидирани 14 терористи, 30 беа приведени и за нив е одреден 30 дневен притвор и е почната истражна постапка.  Во тек на акцијата загинаа 8 полицајци, а 37 беа повредени.

Комисија составена од претставници на Владата и на Општина Куманово  почна проценка на штетите на домовите на населението во „Тоде Мендол“ кое беше евакуирано во акцијата. Владата најави 100 процентно покривање на штетите.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена