Одложен е почетокот на судењето на Зоран Верушевски.
Судењето против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, јави Канал 5, е одложено поради отсуство на адвокатите.
Според МВР, при претрес во домот на Верушевски биле пронајдени два пиштоли за кои, како што тврдат, не поседувал дозвола.
Стартот на судењето се закажа за 4. Јуни.