Чоколадна алва

Од:

Рецепт препишан од готвачот на баба …

Потребно е:
1 филџан за кафе вода
2 филџани вода
6 филџани шеќер
6 филџани брашно
1 филџан чоколадо во прав или какао во прав
суво грозје, ореви, лешници, бадеми, по желба

Подготовка:
– Во подлабоко тенџере ставете ги маслото, водата и шеќерот и ставете да се вари.

– Во другиот сад ставете ги брашното и чоколадото во прав (или какаото).

– Кога ќе се растопи шеќерот и ќе зоврие водата почнете полека да ја додавате смесата од брашно и чоколадото и постојано мешајте. Мешајте уште неколку минути додека да се испржи брашното и додека не добиете хомогена смеса.

– Додадете ги сувото грозје и оревите, по желба.

– Смесата истурете ја во помала тава и израмнете ја.

– Кога ќе се излади исечете ја на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска