Бунтовниците хуси, кои се поддржани од Иран, го нарушија хуманитарниот прекин на огнот, што стапи во сила во Јемен во вторникот, се наведува во соопштение на предводената од Саудирска Арабија коалиција.
Во соопштението објавено на страницата на официјалната информативна агенција на Саудиска Арабија, се наведува дека коалицијата регистрирала 12 случаи на нарушување на прекинот на огнот на границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен.
Коалицијата продолжува да го поддржува хуманитарниот прекин на огнот и воздржаноста, се наведува во соопштението.
Бунтовниците хуси и нивните сојузници го прифатија прекинот на огнот предложен од Саудиска Арабија со цел да се дозволи распределба на хуманитарна помош во земјата.
ОН хуманитарната ситуацијата во Јемен вчера ја оцени како катастрофална.