МЗТ го пречекува Раднички

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, денеска ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во АБА лигата.

Противник на избраниците на тренрот Александар Тодоров ќе биде екипата на Раднички Крагуевац. МЗТ, во првите три кола има две победи (Цибона и Широки) и еден пораз (Будуќност), додека Раднички е најголемото разочарување во досегашниот тек од регионалното натпреварување, екипата од Крагуевац има три порази (Олимпија, Цедевита, Игокеа).

„Очекувам тежок натпревар, бидејќи независно од моментниот пласман, Раднички е исклучително сериозна екипа, со одлични поединци и со амбиции за пласман на самиот врв во АБА лигата. Ова е можеби еден од најважните натпревари за нашата екипа, со оглед на серијата тешки домаќинства и уште потешки гостувања што ни престојат.

– После третиот пораз во низа и казните што беа изречени за тренерот и за играчите од страна на управата, Раднички ќе фрли се на една карта, и затоа е многу битно како ќе го започнеме натпреварот. Добра одбрана во текот на сите 40 минути ќе биде еден од предусловите за наша победа. Очекувам голема минутажа да добие нивното ново засилување Александар Чапин, за кој имаме информации дека се работи за одличен плејмејкер, пред се напаѓач, кој ќе преставува нивна основна сила во следните натпревари“, вели Тодоров, тренерот на МЗТ.

Натпреварот од четвртото коло во АБА лигата, помеѓу МЗТ и Раднички ќе се одигра во СЦ Борис Трајковски, со почеток во 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он