Башким Рама нов албански амбасадор во Македонија

Од:

Дипломатот од кариера и директор на Директоратот за регионот на Балканот во албанското Министертво за надвроешни работи, проф. д-р Башким Рама е наименуван за нов амбасадор на Албанија во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА, Рама има богата дипломатска кариера. Тој бил директор на Академијата за дипломатија, професор по меѓународни односи, геополитика и дипломатија и по дипломатска теорија и практика на неколку универзитети во регионот, а бил ректор и на Меѓународниот универзитет во Струга. Башким Рама бил амбасадор на Албанија во Бугарија, Германија и Косово.

Тој доаѓа на местото на Петрит Бушати, кој за амбасадор во Скопје дојде во мај 2014, а почина истата година во ноември.

Преходно, Министертвото за надвроешни работи на Албанија за нов амбасадор го предложи Фатос Река, кој доби подршка и од парламентарната Комисија за надвроешна политика, но указот за тоа одби да го потпише претседателот Бујар Нишани.

Новиот албански амбасадор, според албанските медиуми, во Скопје треба да дојде во наредните два дена.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија