Ричард Ховит во Скопје на 17 мај

Од:

Групата на социјалдемократите во Европскиот парламент го потврди своето учеството во маршот на 17 мај во Скопје, во знак на поддршка за народот во нивната битка за демократија и за транспарентно владеење, се наведува во нивното соопштението.

Ричард Ховит, кој, инаку, е и еден од посредниците во дијалогот што се води во Европската унија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе биде присутен на маршот.

„Се надевам дека нашето присуство ќе промовира мирна атмосфера по насилствата минатата недела и дека ќе испрати силна порака до Европа и до меѓународната заедница дека актуелните случувања не смеат да дозволат враќање кон меѓуетничко насилство“, стои во соопштението.

Кнут Флекенштајн, потпретседател на Социјалдемократите во Европскиот парламент, повика да се избегне дополнителна ескалација во земјата и да се спроведе непристрасна истрага за случувањата во Куманово.

– Со нашето учество во протестот на СДСМ, социјалдемократите сакаат да покажат солидарност со нивната сестринска партија и со народот на таа земја, кој се бори за слобода на изразување и на собирање – изјави Флекенштајн, кој, исто така, повика обвинувањата против Заев да бидат предмет на независна истрага.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Слуцки: ЕУ ја поттикнува Третата светска војна со снабдување на Украина со оружје

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ