Кремаста салата со тестенини и тиквички

Од:

Интересен спој на состојки, крцкаво ипечени тиквички, тестенини со вкусен кремаст намаз …

Потребно е:
2 поголеми тиквички
бело брашно
пченкарен гриз
лебни трошки
200 гр макарони
20 гр путер
100 гр сусам
100 гр сирење
120 гр помек кашкавал
300 гр кисела павлака
2 лажици мајонез
1 помала главица кромид
сол и бибер, по вкус
120 гр кечап

Подготовка:
– Тиквичките излупете ги, исечете ги на тенки тркалца и посолете ги. Оставете да пуштат вода. Исцедете ги од водата и увалкајте ги во брашно (мешавина од бело брашно и пченкарен гриз во однос 2:1), па во изматени јајца и на крај во лебни трошки.

– Наредете ги во намастена тава и на секое парче тиквичка капнете по 2-3 капки масло. Тавата ставете ја во загрена рерна на 170 целзиусови степени и печете ги додека не поруменат. Во текот на печењето превртете ги само еднаш од другата страна. Оставете ги да се изладат.

– Во меѓувреме преминете на подготовка на салатата. Сварете ги макароните, исцедете ги, ставете им 1 коцка путер и оставете ги да се изладат.

– Сусамот истостирајте го на врела тава додека да полне да потпукнува.

– Кромидот ситно исецкајте го.

– Во сад измешајте ги киселата павлака и мајонезот. Потоа додадете ги изренданиот кашкавал, тостираниот сусам, кромидот, сол и бибер и измешајте.

– Почнете со редење на салатата. На дното на садот ставете од подготвената кремаста смеса. На неа наредете ги печените тиквички и повторно премачкајте со кремастата смеса. Сега наредете еден ред макарони. На макароните премачкајте од кечапот, па повторно ред тиквички, од кремастата смеса, па пак макарони, кечап и така по ред додека да го потрошите целиот материјал. Последниот ред треба да биде со тиквички и кремастата смеса.

– Садот со салатата поклопете го и ставете го во фрижидер убаво да се излади салатата.

– Пред да ја послужите салатата исечете ја на коцки.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска